Еден од најрасположените по освојувањето на титулата беше нашиот тренер Лино Червар, кој вели дека оваа титула му е една од двете најомилени, по десеттата титула со екипата на Загреб. Лино ветува дека следната година ќе видиме уште посилен Металург со кој ќе се гордеат сите поддржувачи на екипата од “Автокоманда“.
Да потсетиме, за пет сезони откако Червар е на кормилото на Металург, витрините во “Автокоманда“ станаа побогати за седум трофеи, четири во првенството и три во Купот на Македонија. Во овој период Червар загуби само едно првенство и два купа.
Извор: РК Металург
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.