Делегацијата на СДСМ, која е во Шведска, во состав на Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на партијата, вчера попладне се сретна со раководствата на Сојузот на македонски друштва во Шведска и на Македонското друштво „Гоце Делчев“, во просториите на друштвото во Гетеборг.
На состанокот се разговарало за состојбите во Македонија, начинот на кој се спроведуваат македонските избори во Шведска, како и за засилување на врските на СДСМ со дијаспората од Македонија во оваа земја.
По состанокот се одржа основачки состанок на Партиската организација на СДСМ од дијаспората во Гетеборг. За претседател на организацијата од Гетеборг е избран Вујадин Козомора, социјалдемократски активист во Шведска, иселеник, по потекло од Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.