| четврток, 6 декември 2018 |

Момче од Македонија загина во сообраќајка во Косово

Во сообраќајна несреќа, што се случила во близина на селото Дурај, кај Качаник, животот го загубил македонскиот државјанин Б.З.(28).

soobrakajka-

Според полицијата, причина за несреќата била неприспособената брзина според условите на патот, поради што возачот на автомобилот БМВ ја загубил контролата, по што возилото излетало од патот и паднало во бездна. Во сообраќајката со повреди се здобиле уште две лица што биле во возилото.

– Возачот Б.З. се здобил со тешки повреди и починал на самото место. Веднаш пристигнала итна помош, но лекарот само констатирал смрт. Двете други повредени лица се транспортирани во болницата во Урошевац – изјави портпаролот на регионаната полиција Агим Гаши.

Истражен судија наредил обдукција на телото на починатиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top