Ракометниот клуб Металург шестата титула првак на Македонија ќе ја прослават заедно со своите симпатизери. Денес во специјално подготвена фан-зона пред салата во „Автокоманда’’ Металург ќе организира прослава на најуспешната сезона во историјата на клубот освојувањето на шампионскиот трофеј како и пласман меѓу првите осум екипи во Лигата на шампионите.
Воедно е планиран и ревијален натпревар меѓу двете екипи на колективот од Автокоманда (Металург и Металург јуниор).
Почетокот на настанот е закажан за 17 часот и 30 минути, а за гледачите ќе има голем број изненадувања и подароци.
– Металург ги поканува сите навивачи и подржувачи на Клубот, а и сите останати кои сакаат да им оддадат почит на нашите играчи за сите убави моменти кои заедно ги поминавме во сезоната која што поминува’, се вели во соопштението од клубот упатено до јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.