| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионот од Мелбурн испадна во првата рунда на Ролан Гарос

Станислас Вавринка е елиминиран уште во првата рунда на Ролан Гарос, со што успеа да ја повтори лошата епизода на Петр Корда од 1998 година. Швајцарецот загуби од Хилјермо Гарсија Лопез со 1-3 во сетови и испадна, иако стаса како еден од фаворитите во Париз.

Поткрепа имаше во титулата од Австралија опен, првиот гранслем во сезоната, но наместо битка за нов трофеј, го репризираше неуспехопт на Корда, како прв тенисер што во иста сезона го освоил трофејот во Мелбурн, а испаднал во Париз во првото коло.

За разлика од Вавринка, одличен старт имаше осумкратниот шампион на Ролан Гарос, Рафаел Надал. За само 104 минути Шпанецот го декласира Роби Џинепри со 6-0, 6-3, 6-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top