Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун наредил смртни казни за одговорните за изградбата на зградата што се урна во Пјонгјанг, пишува „Дејли мејл“.
При уривањето на 23-катната зграда загинале повеќе од 500 лица.
Четири градежни инженери се стрелани, а еден воен службеник задолжен за проектот е испратен во камп, изјави неименуван извор за весникот „Токио шимбун“.
За уривањето на зградата објави севернокорејската официјална новинска агенција, што е невообичаено, нагласува весникот „Дејли мејл“.
Според јапонскиот весник, не е позната точна причина за уривање на зградите, но постои сомнеж дека станува збор за лоша конструкција бидејќи работниците и шефовите на градилиштата често крадат цемент и челик, што го продаваат на црниот пазар.
Се претпоставува дека во зградата, во моментот на несреќата живееле најмалку 92 лица.
Севернокорејската агенција не објави точен број на загинати или причина за несреќата, наведувајќи дека жителите на Пјонгјан се шокирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Општина Аеродром: Нема можност за стопирање на градбата кај Мајчин дом
-
За инает, нема ни ходник, ни лифт: Инвеститорот на најтенката зграда работи нелегално!
-
Судирот на двајца браќа создаде монструм: Оваа зграда е ново градежно чудо!
-
Инвеститорот на објектот кај „Мајчин дом“: Ќе поднесам тужби ако ми се кочи градбата