| четврток, 6 декември 2018 |

Вознемирувачко видео: Циркуски акробат загина пред полна сала публика

Камера од публиката ја снимила трагичната смрт на циркускиот акробат кој падна од висина од десет метри пред очите на преплашените гледачи.

Акробатот на циркусот Тихани Спектакулар, 28-годишниот Гомез Барето не успеа да изведе скок и падна.

Како што јавуваат медиумите, Барето на почеток бил во свесна состојба, но се жалел на болка во лактот.

Тој бил префрлен во болница, но по два дена ситуаицијата му се влошила поради оток на мозокот. Од тешките повреди починал на 19 мај, објави првиот човек на циркусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top