Здравко Мамиќ денеска предизвика инцидент во судот во Осиек каде требаше да сведочи фудбалерот на Ливерпул Дејан Ловрен. Ги избрка и адвокатите кои го бранеа па им се пушти и на новинарите.
По сослушувањето на Лука Модриќ во врска со неговиот трансфер во Тотенхем, денес редот дојде на Дејан Ловрен, односно на татко му Саша Ловрен којшто сведочеше исто за трансферот на син му.
Инцидентот настана на самиот почеток кога Мамиќ станал од столчето и почнал да протестира поради начинот на кој обвинителот Тончи Перковиќ ги поставува прашањата.
Судијата пробал да го смири, а потоа се обиделе и неговите адвокатите но Мамиќ почнал и нив да им вика после што им откажа полномошност и ги избрка.
На браќата Здравко и Зоран Мамиќ им се суди поради сомнеж дека извлекувале пари од трансферите на играчите на Динамо, затајувале данок и преку други незаконити работи го оштетиле буџетот на Динамо за 116 милиони куни (15,5 милиони евра), а државниот буџет за 1,6 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)