Големо невреме со пороен дожд, грмотевици и силен ветер попладнево го зафати Загреб, при што биле поплавени многу улици во градот, а сообраќајот бил блокиран.
Некои делови од главниот град на Хрватска беа погодени и од силен град. Невремето предизвикало и повеќе оштетувања на асфалтот на улиците, а надлежните служби започнале со санирање на штетите.
Противпожарната служба во градот досега извршила 30 интервенции, а уште 40 се во тек, кои главно се поврзани со поплавени подруми или отстранување на дрвја од сообраќајниците
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



