Новак Ѓоковиќ ќе гостува во САД, со репрезентацијата на Србија, а домаќините сакаат да ја искористат шансата за добра заработувачка од продажба на влезниците кои ќе чинат и по 500 долари за три дена тенис.
Во април, од 5. до 7. во „Тако Бел“ арена во Бојси, Ајдахо, САД ќе и биде домаќин на Србија во меч од четвртфиналето на Дејвис купот.
Најскапите билети од прва категорија за сите три дена ќе чинат по 500 долари, а поефтините се со цена од 375 долари. Тое е еден од најскапите пакети влезници во историјата на купот, за оваа фаза од натпреварувањето.
Сепак, тоа не е неочекувано, бидејќи на гости, во главниот град на државата Ајдахо, доаѓа најдобриот тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ.
Капацитетот за тениски натпревари на „Тако Бел„ арената, која е повеќенаменска е 12.644 места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.