| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е заглавен во сопствената безидејност

vmro-dpmne1_11

Дали СДСМ намерно сака да предизвика криза купувајќи време?! Ова е темата на преписки меѓу двете најголеми политички партии – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ е заглавен во сопствената безидејност.

Тонејќи во жива кал, со себе се обидува да ја повлече и државата. На СДСМ воопшто не му е важно тоа што неговото срамно, неодговорно и несовесно однесување ѝ носи, и ќе ѝ носи штета на Република Македонија. Со обидите за сценирање на некаква си политичка криза во Македонија, СДСМ се обидува да ја прикрие својата криза. Македонија не треба и не може да биде жртва на личните и теснопартиски интереси и караници на луѓето од раководството на оваа партија – велат од владејачката партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top