Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните, без особена поголема причина да не се изложуваат на опасности со престој на отворен простор, поради можни атмосферски електрични празнења. Без посебна причина да не управуваат со моторните возила особено ако е забележливо можно невреме и пороен дожд, заради нивната сопствена безбедност.
Ова предупредување на ЦУК доаѓа по добиената временска прогноза од страна на Управата за хидрометеоролошки работи дека и денес подрачјето на Македонија се наоѓа под влијание на нестабилна воздушна маса што ќе услови попладне на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со обилни врнежи, засилен ветер и појава на град.
– Им препорачуваме на населението во случај на ИТНА потреба да ги користи телефонските броеви за итни повици 192-ПОЛИЦИЈА, 193-Бригада за ПП заштита, 194- за потреба од ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ и 195 – телефон за сите можни ризици и опасности во Центарот за управување со кризи. Покрај тоа, населението од Скопје да ги користат трите новопоставени телефонски броеви за пријавување на одредени настанати опасности или дефекти во нивната средина -соопшти ЦУК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.