Водечките британски лекари предупредуваат дека глобално популарниот еротски роман „50 нијанси сиво“ е виновен за сè поголемиот број сексуално преносливи инфекции меѓу повозрасните двојки.
Поради романот, зголемен е бројот на повиците во противпожарните служби, а причина за повикот се – лисиците.
Доктор Шарлот Џонс, претседателката на Одборот на британските медицински здруженија изјави дека книгата ги охрабрила постарите луѓе повеќе да истражуваат во сексот, но постои ризик дека не користат заштита.
Во романот има многу садо-мазохистички сцени и сцени со врзување. Откако се продадоа повеќе од 100 милиони примероци од романот, сега ќе се снима и филм. Романот беше објавен во 2011 година, а официјалните податоци покажуават дека оттогаш е зголемен порастот на инфекции кај лица постари од 45 години.
– Кога говориме за сигурен секс, секогаш на ум ни се младите, но делото „50 нијанси“ влијаше на тоа старите луѓе да почнат повеќе да истражуваат, но не секогаш користат кондом. Сите сексуално активни луѓе, без разлика на возраста, мора да водат сметка за себе – вели таа.
Податоците на институциите за јавното здравје покажуваат дека во Велика Британија е зголем бројот на сексуално преносливи болести, а ова посебно се однесува на лицата меѓу 45 и 64 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман
-
„Антолог“ ја објави книгата „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ