| четврток, 6 декември 2018 |

Пратениците на СДСМ не поднесуваат оставки, партијата се жали на злоупотреба на стручните ставови

Politika82-sdsm-1

Пратениците на СДСМ не поднесуваат оставки. На објавените информации дека на тој начин се обидуваат да купат време, денес реагираше партијата:

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сфатија дека се проѕирни партиските ставови искажани преку нивните божемни стручњаци, платеници, па почнаа да вадат од контекст и да злоупотребуваат стручни ставови. Причина за ваквото однесување на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ е паниката за политичката криза што самите ја создадоа со криминалните избори. Во Законот за управни спорови, во членот 55 стои дека: За барањето заштита на слободите и на правата загарантирани со Уставот, ако таква слобода и право е повредено со конечен поединечен акт, а не е обезбедена друга судска заштита, одлучува судот надлежен за управни спорови, а тоа е Управниот суд.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top