Марија Шарапова одигра шампионски во првиот меч на новото издание на Ролан Гарос во Париз, а на „Филип Шатрие“ се задржа само еден час и две минути. Толку и беше потребно на популарната Маша да ја елиминира сонародничката од Русија Ксенија Первак и да се пласира во второто коло на гранслемот. Резултатот беше 6-1, 6-2 за Шарапова. Противничка во следната рунда ќе и биде бугарската преставничка Цветана Пиронкова.
Марија победи во Париз пред две години, а и сега е една од главните фаворитки за трофејот. Интересно е што за една минута побраз од неа беше Флавија Пенета. Италијанската тенисерка со 6-2, 6-2 ја победи Патрисија Маер- Ахлејтнер и во следниот круг ја чека Јохана Ларсон од Шведска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.