| четврток, 6 декември 2018 |

Кому му помага СДСМ?!

Sobranie na RM 02 (Custom)

Избраните пратеници од СДСМ треба да дојдат на пленарна седница да си поднесат оставки. Никој не може да ги спречи во тоа. Дел од експертите нивните изјави дека насила се држени во Парламент г оценуваат како смешни и несериозни. Велат, се знае како се прави тоа. Процедурите се јасни. Ова го посочи и Александар Новаковски, поранешен претседател на ДИК од редовитте на СДСМ.

Новаковски праша зошто сега не следат оставки бидејќи не слушнал некој да достави оставки. Избраните пратеници од СДСМ се повикуваат на нотарските изјави.

-Ние имаме системи каде мандатот се враќа до ДИК, кај нас не.   Кај нас се враќа до Собрание. Овој термин “неприфаќање на мандат“ е многу редок термин. Има земји каде не може да се врати мандат. Во нашето законодавство тој термин го нема и строго е предвидено, затоа јас тоа го сметам за преседан, предвидено е дека треба да се даде оставка. Кај нас беше толку строго да оставката мораше и лично на седница да ја даде пратеникот, објасни екс-претседателот на ДИК.

Во ВМРО-ДПМНЕ се зачудени од ова однесување. Велат, ова што го прави СДСМ е голема штета за државата и може да резултира со одземање на препораката. Таквиот потег би бил последица на нивното неодговрно однесување. Но ако СДСМ, додаваат тие, веќе одлучил да си оди од Собрание има процедури и законски постапки како тоа може да се направи и тие тоа добро го знаат. Тезата дека со сила некој ги држи во Парламент е смешна и тотално неточна. Ова, коментираат од вчладејаќката партија е само нивни обид да купуваат време.

Експертите велат дека СДСМ ќе користи секакви трикови за подолго да остане ваква статус кво ситуација за да одржуваат внатрепартиски мир, како и поради фактот дека пратениците ќе си земаат плати, претходните апанажи… Ова што СДСМ го прави е лошо за државата, децидни се експертите.  Ќе нанесе огромна штета на нашите меѓународни позиции и државни интереси и ќе го користат сите оние кои сакаат Македонија да е блокирана. СДСМ им помага на оние на кои им одговара блокада на земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top