
Македонскиот поет Раде Силјан освои гран при награда за неговото творештво на меѓународниот поетски фестивал што се одржа од 19 до 24 мај во Кишињев, Молдавија.
Наградата во висина од шестотини илјади леи (околу 33 илјади евра) на свеченоста во Националниот театар „Михаи Еминеску“ на лауреатот му ја врачи академик Валериу Матеи, претседател на фестивалот.
Во рамките на манифестацијата, во свечената сала на Академијата на науките и уметностите на Молдавија се одржа и промоција на романското издание на поетската книга на Раде Силјан „Сенка на векот“ на која зборуваше акад. Николае Дабижа, кој меѓу другото истакна: „Македонскиот поет Раде Силјан е еден од најавтентичните поети на нашето време. Неговата поезија се преведува во повеќе земји во светот.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


