| четврток, 6 декември 2018 |

Ренџерс ја имаат ситуацијата под контрола во НХЛ (видео)

Њујорк ренџерс забележа мошне значајна победа против Монтреал и повторно ја врати разликата на две победи предност во финалето од Источната конференција во НХЛ.

Мартин Сент Луис одново беше јунакот на тимот од Големото Јаболко во доигрувањето, со гол во продолжението, со кој Њујорк славеше со 3-2. Сент Луис ја игра првата сезона за Ренџерс, откако дојде од Тампа Беј и во плејофот има постигнато 6 погодоци.

Њујорк на двапати водеше со головите на Хагелин и на Брасард, а израмнуваа Булион и Субан. Во шестата минута од продолжението Сент Луис погоди за голема радост на домашните навивачи и за предност од 3-1 во завршната серија на Истокот. Ренџерс се блиску до прв настап во големото финале и битката за Стенли купот по пауза од цели 20 години. Во сезоната 1993/94 тие беа подобри од Ванкувер во финалето и со 4-3 во победи го освоија вредниот пехар.

Годинава Њујорк атакува на јубилејната петта титула во НХЛ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top