Наближува доделувањето на најголемите филмски награди „Оскар“ и со тоа се зголемува бројот на типувањата за фаворитите. Визуелните ефекти во новите филмови се разбира дека се значаен дела од целиот проект и оттаму номинациите за „Оскар“ за визуелни ефекти годинава е четири: „Одмазници“, „Животот на Пи“, „Прометеј“ и „Клетници“. Во нив свој удел има и македонското студио за визуелни ефекти ФХ3Х. Оваа македонска компанија соработувала со три компании кои работеа на овие четири филма.
-Ни претставува двојно задоволство што бевме дел од филмовите како што се „Одмаздници“ и „Животот на Пи“, бидејќи тие го подигаат нивото на целата индустрија. „Одмаздници“ имаше најголем број визуелни ефекти и оствари неверојатен приход на киноблагајните во рекордно време, а „Животот на Пи“, пак, има друга убавина, во сосем друг правец од нашата работа, постигнувајќи револуција во реализацијата на ефектите. Горди сме на секој проект, а овие номинации се дел од највисоката валоризација на нашата работа во оваа индустрија, велат од ФХЗХ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.