| четврток, 6 декември 2018 |

Неофицијално: Порошенко е новиот претседател на Украина

порошенко

Милијардерот Петро Порошенко, неофицијално, е новиот претседател на Украина.

Според првите прогнози по затворањето на избирачките места во Украина, тој освоил апсолутно мнозинство во првиот круг на претседателските избори во таа земја.

Порошенко освоил 55,7 проценти од гласовите според прогнозата изработена врз основа на анкетирање на избирачите откако го дадоа својот глас, според државната телевизија.

Поранешниот премиер и водач на опозицијата Јулија Тимошенко, според прогнозите, освоила 12,9 проценти од гласовите на Украинците.

Анкетите по изборите ги спроведуваа три украински институти за истражување на јавното мислење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top