| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Војчех Јерузелски, последниот комунистички водач на Полска

jeruzelski

Поранешниот полски комунистички лидер Војчех Јарузелски почина денеска на 90-годишна возраст.

За неговата смрт соопшти поранешниот претседател на Полска, Александар Квашњевски.

На 6 јули Јарузелски ќе наполнеше 91 година. Тој беше последниот од раководителите на социјалистичките земји од Источна Европа од почетокот на ’80-те години од минатиот век.

Од 1985 до 1989 година Јарузелски беше претседател на Државниот совет на Полската народна република, што беше највисоката функција во земјата. Во 1989 година беше избран за претседател на Полска, а во 1990 година се повлече од политичката сцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top