Напаѓачот на „Пари Сен Жермен“ Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ ќе биде овековечен во Музејот на восочни фигури на Греван на парискиот Монмартр.
Ибрахимовиќ го предводеше парискиот тим во походот на втората по ред титула на првак на Франција оваа сезона.
– Секако, ова е огромна чест за мене да се најдам во друштво на големите спортски асови, рече Ибрахимовиќ и духовито додаде дека „сега сите ќе може да го видат, кога и да го посакаат тоа“.
Пред Ибрахимовиќ, во Музејот на восочни фигури се овековечени француските спортисти – кошаркарот Тони Паркер, џудистот Теди Ринер, рели возачот Себастијан Леб, тенисерката Амели Морезмо и фудбалерот Зинедин Зидан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.