| четврток, 6 декември 2018 |

Софија Вергара ја откажа свршувачката

вергара

Актерката Софија Вергара и вереникот Ник Лоеб се разделија и ја раскинаа нивната свршувачка. Актерката на социјалната мрежа потенцираше дека сака „лично” да ги информира своите обожаватели за одлуката што е донесена.

-Со Ник одлучивме да се разделиме. Наоѓаме премногу проблеми на патот кон тоа да поминуваме повеќе време заедно – напиша Софија на интернет.

Таа изјави дека и двајцата имаат доста натоварен распоред, а проблемите меѓу нив продолжуваат да растат. Одлуката за разделбата е донесена и од двајцата.

-Ние веруваме дека за нас тоа е најдоброто нешто за сега. Продолжуваме да бидеме многу блиски – вели таа.

Софија Вергара во моментов ја игра Глорија Делгадо во шестата сезона на серијата „Модерно семејство” и го снима филмот “Don `t Mess With Texas“. Ник Лоеб е бизнисмен и наследник на брокерска фирма. Нивната врска датира од 2010 година, а две години подоцна се верија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top