Со мечот на централниот терен меѓу Агнешка Радванска од Полска и Шуаи Жанг од Кина денеска стартуваше вториот Грен слем турнир годинава Ролан Гарос.
Од бранителите на титулите денеска ќе на терените се појави Серена Вилијамс која за противник во првото коло ќе ја има домашната тенисерка Ализа Лим.
Нејзината сестра Венус во првото коло ќе игра против Белинда Бенчиќ од Швајцарија.
Од топ фаворитите во машка конкуренција денеска единствено ќе настапи третиот носител Роџер Федерер кој за противник го има Лукас Лацко од Словачка.
Бранителот на трофејот од минатата година Шпанецот Рафаел Надал како и вториот носител Новак Ѓоковиќ од Србија утре ќе ги играат своите натпревари од првото коло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.