| четврток, 6 декември 2018 |

За 290.488 пензионери биле исплатени 3.511,77 милиони денари

penzioneri

Во февруари 2014 година во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување биле евидентирани 290.488 пензионери, што претставува зголемување од 1,9% во однос на истиот месец од 2013 година. Во однос на јануари 2014 година бројот на kорисници на пензија е поголем за 151 лице.

Од вкупниот број пензионери, 58,4% се корисници на старосна пензија, 26,5% на семејна пензија и 15,3% на инвалидска пензија. За исплата на пензиите во февруари 2014 година потрошени се 3.511,77 милиони денари, што претставува 56,6% од вкупните социјални трансфери.

Просечната пензија во февруари 2014 година изнесува 12.420 денари, што на годишно ниво претставува зголемување од 8,5%. Соодносот на просечната пензија со просечната исплатена плата во јануари 2014 година (последни расположливи податоци) изнесува 55,4%

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top