| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен најбараниот наркобос на светот?

Најбараниот наркобос на светот, Хоакин Гузман познат како Ел Чапо можеби е убиен во престрелка на банди во близина на гватемалско- мексиканската граница, пренесува агенцијата АП.

Гватемалската полиција соопштила дека го истражувала случајот, но и дека по пресметката на две банди не биле пронајдени тела.

–       Мора да ги сочекаме сите технички информации и да утврдиме дали навистина е убиен Ел Чапо Гузман, изјавил портпаролот на владата на Гватемала Франсиско Куеавас.

Портпаролот не соопштил зошто властите веруваат дека еден од убиените е големиот наркобос.

Гузман е еден од најбараните бегалци на светот, а според Магазиот Форбс неговото богатство се проценува на милијарда долари. Тој е недостапен за полицијата од 2001 година кога успеал да избега од затвор со помош на возило за превоз на алишта.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top