| четврток, 6 декември 2018 |

Фантастична вест за навивачите на Атлетико, Диего Кошта во стартниот состав за финалето на ЛШ

Навивачите на Атлетико Мадрид можат да здивнат на само неколку саати пред почетокот на финалето на ЛШ што нивниот тим го игра вечерва во Лисабон од 20.45 часот.
Фантастичниот напаѓач бразилецот со шпански пасош Диего Кошта ќе биде во стартините 11 на вечерашниот дуел против Реал Мадрид.
Очигледно посетата на Белград и терапијата која му ја даде познатата лекарка Маријана Ковачевиќ вродиле со плод. Кошта се пожали на поведа на бутниот мускул и докторите прогнозираа дека тој ќе треба да отсуствува од терените еден месец по последното коло од шпанската примера дивизија против Барселона каде Атлетико Мадрид одигра 1-1 и ја освои титулата во Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top