Во белградската Арена , каде што во моментов се сместени илјадници евакуирани обреновчани, сѐ поголем е број на крадци кои од ја крадат хуманитарната помош. Според волонтерите и луѓето кои се привремено сместени во белградската Арена, крадците украле храна, облека, средства за хигиена …
– Пред два дена , имаше еден човек со две празни торби. Се качи на врвот на трибините, ги наполна торбите со работи и тргна кон надвор. Сепак, волонтерите сфатија што прави и тој веднаш беше запрен. После тоа, ни беше кажано да обрнуваме внимание каде си ги оставаме работите – вели една од евакуираните девојки.
Според еден од волонтерите, на почетокот во белградската Арена владеел хаос, бидејќи многу белграѓани краделе од работите кои како хуманитарна помош пристигнаа од целиот регион.
– На почеток ќе кажеа дека се дојдени во посета на роднини кои се евакуирани, а потоа ќе ги наполнеа џебовите, јакните, па дури и торбите. Една госпоѓа три дена со ред доаѓаше и носеше дома храна. Кога еднаш ја опоменав, ми се правдаше дека нејзините деца немаат што да јадат – вели волонтерот.
Бидејќи во последниве денови се почесто се краде, сите добиле идентификации со име и презиме, за да се избегнат измамите и кражбите.
Фото: Alo.rs
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.