| четврток, 6 декември 2018 |

Бранко Црвенковски повторно ги контролира Заев и Шекеринска

branko-zaev-sobranie

Средбата Црвенковски – Заев многу покажа за состојбите во СДСМ, односно, извори од партијата велат дека тоа беше средба со која СДСМ и Заев покажуваат единство, но и цврсто продолжување по патеките зацртани од Црвенковски и прифаќање на неговите политики и совети.

Со ваквиот чекор најдобро се потврдува дека Црвенковски има строга контрола на партијата и дека што и да се случи сепак Шекеринска и Заев ќе му бидат негови вечни должници и затоа се под негова команда.

Ваквата поврзаност, потврдуваат внатрешни извори од партијата, не е од сега, туку тоа датира од многу порано. Имено Бранко Црвенковски го направи Заев должник кога овој му потпиша аболиција и го направи слободен граѓанин, иако на Заев му се закануваше казна затвор за криминал од цели 8,5 милиони евра за кој се товареше.

Згора на тоа, доаѓањето на лидерска позиција на Заев по заминувањето на Бранко од лидерската позиција на СДСМ во 2011 година, се случи со силната поддршка и лобирање на Црвенковски. Оттука, упатените тврдат дека Заев останува вечен должник на Црвенковски.

Таков е случајот и со Радмила Шекеринска, која влезе во политика поради поддршката на Црвенковски. Таа беше долгогодишен лидер на социјалдемократската младина кога Црвенковски беше премиер во деведесеттите и лице кое слепо го следи цел живот, дури и во лажните ветувања за по еден вработен во секое семејство, претходно во процесот на приватизација и носењето на штетните одлуки.

Затоа, упатените не ги изненадува блискоста помеѓу Заев и Црвенковски и скорашната средба. Имено Црвенковски во позадина останува да ги влече главните конци во ова опозициска партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top