| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанска фиеста во Лисабон, Реал за десетка, Атлетико за сефте

Шпан­ска фи­е­ста ќе има во Ли­са­бон, а ма­дри­ѓа­ни ве­ќе се пре­се­ли­ја во Пор­ту­га­ли­ја за да го сле­дат град­ско­то дер­би ме­ѓу Ре­ал и Ат­ле­ти­ко, овој­пат ка­ко кру­на на се­зо­на­та во фи­на­ле­то на Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те

До­ми­на­ци­ја­та на шпан­ски­те еки­пи, кои си­гур­но ќе ги осво­јат два­та тро­феи во европ­ски­те нат­пре­ва­ру­ва­ња, ќе би­де за­ве­ре­на на по­пу­лар­ни­от ста­ди­он „Луж“ во Ли­са­бон. Се­вил­ја го освои пе­ха­рот во Ли­га­та на Евро­па, се­га на ред се Ре­ал Ма­дрид и Ат­ле­ти­ко во ме­ѓу­се­бен ду­ел да од­лу­чат кој ќе се иска­чи на фуд­бал­ски­от врв во Евро­па. По ју­би­ле­ен де­сет­ти тро­феј ќе трг­нат „кра­ле­ви­те“, а на се­фте и пр­вен­че во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те се на­де­ва­ат од спро­тив­ни­от та­бор, во ре­до­ви­те на Ат­ле­ти­ко.

 

Sport90-4

Ре­ал е фа­во­рит, сим­па­ти­и­те се на стра­на­та на Ат­ле­ти­ко

Ре­ал Ма­дрид е по­бо­гат клуб, со не­ве­ро­јат­на тра­ди­ци­ја, со огро­мен број пе­ха­ри и на до­маш­на­та и на ме­ѓу­на­род­на­та сце­на и тоа го пра­ви фа­во­рит во фи­на­ле­то во ЛШ. Кри­сти­ја­но Ро­нал­до, Ге­рет Бејл, Лу­ка Мо­дриќ, Ка­рем Бен­зе­ма и оста­на­ти­те ѕвез­ди на „крал­ски­от клуб“ има­ат вред­ност што се ме­ри и со сто­ти­ци ми­ли­о­ни евра. Нај­го­ле­ма до­би­вка се­зо­на­ва, се чи­ни, е до­а­ѓа­ње­то на Кар­ло Ан­че­ло­ти на клу­па­та на Ре­ал. Ита­ли­јан­ски­от стра­тег за­вр­ши огром­на ра­бо­та, осо­бе­но во де­фан­зив­ни­от дел на игра­та на еден од нај­тро­феј­ни­те клу­бо­ви на пла­не­та­та. Од­бра­на­та на Ре­ал во ми­на­ти­те се­зо­ни бе­ше ка­ко швај­цар­ско си­ре­ње, а ус­пе­си­те и тро­фе­и­те не при­стиг­ну­ваа во ви­три­ни­те на „бе­ли­от ба­лет“. Ре­ал се­зо­на­ва ве­ќе освои еден тро­феј, со три­умф во фи­на­ле­то над веч­ни­от ри­вал Бар­се­ло­на. Прет­ход­но во дво­меч со Ат­ле­ти­ко, Ре­ал бле­ска­ше и со увер­ли­ви 5-0 вку­пен ре­зул­тат (3-0 и 2-0) го ели­ми­ни­ра про­тив­ни­кот со ко­го ќе се бо­ри за европ­ска­та кру­на. Ако ја осво­јат, „кра­ле­ви­те“ има­ат при­чи­на за по­себ­но слав­је би­деј­ќи тоа би бил ју­би­ле­ен, де­сет­ти тро­феј.

Ат­ле­ти­ко во овој цик­лус на ЛШ и во­оп­што це­ла се­зо­на игра из­во­нред­но до­бро. Ги со­бра сим­па­ти­и­те на не­у­трал­ни­те љу­би­те­ли на фуд­ба­лот, осо­бе­но со про­лет­но­то из­да­ние. По­пу­лар­ни­те „јор­ган­џии“ ќе се оби­дат да го осво­јат пр­ви­от тро­феј во ЛШ отка­ко во 1973/74 потк­лек­наа пред на­ле­ти­те на Ба­ерн Мин­хен. Ле­ген­дар­ни­от играч и се­ле­ктор на Шпа­ни­ја, Лу­ис Ара­го­нес, со гол во 114. ми­ну­та ги до­ве­де „цр­ве­но-бе­ли­те“ на пра­гот на исто­ри­ја­та, но на „Хеј­сел“ во Бри­сел со­нот им го уни­шти Швар­цен­бек со по­го­док во пос­лед­на­та ми­ну­та. Во по­вто­ре­ни­от меч, два де­на по­доц­на на исто­то ме­сто, Ба­ерн бе­ше увер­лив и сла­ве­ше со 4-0, до­вол­но за осво­ју­ва­ње на пе­ха­рот во то­гаш­ни­от Куп на европ­ски шам­пи­о­ни.

Го­ди­на­ва мо­же да би­де по­и­на­ку за Ат­ле­ти­ко. Ве­ќе ја има­ат шам­пи­он­ска­та кру­на од шпан­ско­то пр­венс­тво, еки­па­та игра не­ве­ро­јат­но до­бар фуд­бал, а пре­поз­нат­ли­ва е и ра­ка­та на Ди­е­го Си­ме­о­не во по­бед­нич­ки­от про­ект на Ат­ле­ти­ко. По­пу­лар­ни­от Чо­ло со­ста­ви еки­па на по­бед­ни­ци, што не приз­на­ва фа­во­ри­ти и по­до­бри од се­бе. Цвр­сто, од­го­вор­но, ком­би­на­тор­но, со ре­чи­си бес­пре­кор­на та­кти­ка, „јор­ган­џи­и­те“ стиг­наа на че­кор до европ­ска­та ти­ту­ла. И тоа на им­по­зан­тен на­чин, без по­раз во це­ли­от цик­лус, со са­мо шест при­ме­ни по­го­до­ци. Ако го зграп­чат пе­ха­рот, ќе би­дат са­мо сед­ма­та еки­па во исто­ри­ја­та што ста­на­ла европ­ски пр­вак без по­раз.

 

Sport90-2

Фуд­бал­ска­та кру­на во ЛШ убед­ли­во нај­вред­на во Евро­па

Осво­ју­ва­ње­то на фуд­бал­ски­от пе­хар во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те но­си увер­ли­во најм­но­гу па­ри од си­те клуп­ски нат­пре­ва­ру­ва­ња во Евро­па. Огром­на е раз­ли­ка­та ме­ѓу фуд­ба­лот и си­те оста­на­ти спор­то­ви и таа се ме­ри со ми­ли­о­ни евра. По­бед­ни­кот во ова из­да­ние на ЛШ ќе до­бие око­лу 11 ми­ли­о­ни евра са­мо за три­умф во фи­на­ле­то, а вкуп­на­та су­ма си­гур­но ќе над­ми­не 40 ми­ли­о­ни евра. Ту­ка се вклу­че­ни па­ри­те од си­те ета­пи во еден цик­лус во ЛШ, и средс­тва­та од ТВ-пра­ва­та. Ла­ни шам­пи­о­нот Ба­ерн ин­ка­си­ра­ше вкуп­на су­ма од 36 ми­ли­о­ни евра, а ре­кор­дер е Ју­вен­тус со за­ра­бо­тка од 55 ми­ли­о­ни евра во исти­от цик­лус. „Ста­ра­та да­ма“ од То­ри­но има­ше по­до­бар до­го­вор за ТВ-пра­ва од Ба­вар­ци­те, па иа­ко за­гу­би од Ба­ерн во че­тврт-фи­нал­ни­от дво­меч, на сме­тка ѝ лег­наа 19 ми­ли­о­ни евра по­ве­ќе откол­ку на кон­то­то на ги­ган­тот од Мин­хен. За спо­ред­ба кол­ка­ва е раз­ли­ка­та го­во­ри по­да­то­кот за на­гра­ди­те во ко­шар­кар­ска­та Евро­ли­га и во ра­ко­мет­на­та ЛШ. Шам­пи­о­ни­те во овие две нат­пре­ва­ру­ва­ња до­би­ва­ат по 250 ил­ја­ди евра за три­умф во фи­на­ле­то. Ре­ал или Ат­ле­ти­ко ќе до­бие око­лу 11 ми­ли­о­ни евра са­мо за по­бе­да во за­врш­ни­от меч за­ка­жан за 24 мај во Ли­са­бон.

 

По­вре­да­та на Ко­ста спре­чи ду­ел на ти­та­ни­те

Sport90-3По­вре­да­та на Ди­е­го Ко­ста е го­лем хен­ди­кеп за Ат­ле­ти­ко, а гле­да­чи­те ќе оста­нат без мож­ност да гле­да­ат ду­ел на ти­та­ни­те, Ко­ста про­тив Ро­нал­до, двај­ца рас­ни стрел­ци, еден про­тив друг. Но­во­пе­че­ни­от шпан­ски ре­пре­зен­та­ти­вец од ре­до­ви­те на Ат­ле­ти­ко по­стиг­на 35 го­ла се­зо­на­ва, но се по­вре­ди на пос­лед­ни­от меч од шпан­ско­то пр­венс­тво про­тив Бар­се­ло­на. До­бар знак за „јор­ган­џи­и­те“ при не­среќ­на­та по­вре­да на Ко­ста е што по­ка­жаа де­ка мо­жат од­лич­но да игра­ат и без не­го. Ат­ле­ти­ко ѝ одо­леа на Бар­са, и тоа на „Камп ноу“, и ја освои ти­ту­ла­та во шпан­ски­от шам­пи­о­нат, иа­ко по­го­лем дел од ме­чот игра­ше без две­те важ­ни ал­ки, Ко­ста и Ту­ран. Ра­стот на еки­па­та го по­ка­жу­ва ток­му при­ме­рот на нив­ни­от нај­до­бар стре­лец се­зо­на­ва. Го ку­пи­ја Ко­ста за су­ма од скром­ни 2 ми­ли­о­на евра, а ле­то­во ќе го про­да­дат на Чел­си за 20 па­ти по­го­ле­ма це­на. Во по­бед­нич­ки­от по­ход и на до­маш­на­та сце­на и во Евро­па, во бри­ли­јант­но из­да­ние се прет­ста­ви­ја и Га­би, Ко­ке, Гар­си­ја, Фи­ли­пе, Кур­тоа…. Ат­ле­ти­ко има ма­те­ри­јал и, осо­бе­но, игра за да го из­не­на­ди фа­во­ри­тот Ре­ал и да си го ос­тва­ри со­нот за прв европ­ски тро­феј од ЛШ.

На спро­тив­на­та стра­на е Ре­ал, пред­во­ден од фе­но­ме­нал­ни­от Кри­сти­ја­но Ро­нал­до. Ве­ро­јат­но нај­до­ми­нант­на­та фуд­бал­ска фи­гу­ра на де­неш­ни­ца­та, ви­стин­ски вир­ту­оз со топ­ка­та и ма­ши­на за го­ло­ви. Со 16 го­ла тој е нов ре­кор­дер во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те, а во фи­на­ле­то мо­же да ја ми­не и гра­ни­ца­та од 50 по­го­до­ци во си­те нат­пре­ва­ру­ва­ња се­зо­на­ва. Иа­ко Ре­ал има ду­зи­на свет­ски ѕвез­ди, се­пак со и без Ро­нал­до „кра­ле­ви­те“ се со­се­ма раз­лич­на еки­па. Тој е мо­то­рот на ти­мот, дви­жеч­ка си­ла и ко­га игра на пре­поз­нат­ли­во ни­во, ЦР 7 е не­за­држ­лив. Ро­нал­до е глав­ни­от адут на Ре­ал за де­сет­ти­от европ­ски пр­стен, за раз­ли­ка од Ат­ле­ти­ко ка­де што тим­ски­от дух ќе би­де нај­сил­на­та по­ткре­па за се­фте слав­је во ЛШ.

Ре­ал по­до­бар во ме­ѓу­себ­ни­те сред­би, Ат­ле­ти­ко за­бо­ра­ви на по­ра­зи­те од шпан­ски еки­пи

Ре­ал Ма­дрид има мно­гу по­до­бар би­ланс во ме­ѓу­себ­ни­те сред­би, осо­бе­но во до­маш­но­то пр­венс­тво. Во 194 нат­пре­ва­ри на град­ски­те ри­ва­ли, Ре­ал има 102 по­бе­ди, а по 46 па­ти би­ло не­ре­ше­но и со ус­пех за Ат­ле­ти­ко.

Во европ­ски­те ку­по­ви игра­ле са­мо ед­наш, во по­лу­фи­на­ле­то во 1958/59 и во три ме­ча (се играл до­пол­ни­те­лен меч) Ре­ал го ели­ми­ни­рал Ат­ле­ти­ко.

„Крал­ски­от клуб“ е мно­гу по­ус­пе­шен и на кон­ти­нен­тал­на­та сце­на. Со 25 фи­на­ли­ња во си­те европ­ски ку­по­ви Ре­ал е број 1 во Евро­па. Има 9 тро­феи во ЛШ, вклу­чу­вај­ќи го и КЕШ, со што е на вр­вот на веч­на­та ли­ста. Во Ли­са­бон ќе го игра ба­ксуз­но­то, три­на­е­сет­то фи­на­ле во ЛШ или КЕШ.

Ат­ле­ти­ко ќе на­ста­пи во вто­ри­от фи­на­лен меч во лу­ксуз­но­то нат­пре­ва­ру­ва­ње, а го оче­ку­ва пр­ви­от тро­феј. „Цр­ве­но-бе­ли­те“ има­ат по два пе­ха­ра од Ли­га­та на Евро­па и од Су­пер­ку­пот на УЕ­ФА, а ед­наш го осво­и­ја и Ку­пот на по­бед­ни­ци на ку­по­ви­те. Ин­те­рес­но е што „јор­ган­џи­и­те“ не зна­ат за по­раз во европ­ски­те прес­ме­тки со шпан­ски клу­бо­ви на пос­лед­ни­те осум ме­ча. Има­ат 5 по­бе­ди и три не­ре­ше­ни, или во 14 нат­пре­ва­ри за­бе­ле­жа­ле 7 по­бе­ди, за­гу­би­ле 3 ме­ча, а во оста­на­ти­те че­ти­ри шпан­ски прес­ме­тки оди­гра­ле не­ре­ше­но.

 

(Пишува: Зоран Поповски
Текст објавен во 90. број на неделникот „Република“, 23.05.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top