| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Русија ќе ги признае резултатите од претседателските избори во Украина

Русија ќе ги признае резултатите од претседателските избори во Украина, изјави денеска претседателот Владимир Путин.

vladimir-putin-000_DV1577509-2013115

Во изјава пред економскиот форум во Санкт Петербург тој истакна дека Москва сака во соседната држава да биде обновен редот и да се воспостави мир.

Путин, меѓутоа, изрази загриженост од условите во кои ќе се одржат претседателските избори.

– Москва е подготвена на дијалог со новото раководство на Украина, кое ќе биде формирано по изборите в недела – додаде Путин.

Тој изрази надеж дека новиот лидер во Киев ќе ги прекине воените акции во источна Украина.

Рускиот претседател се заложи за директни контакти меѓу властите во Киев и сепаратистите и потсети дека такви веќе имало, вклучувајќи со руско учество.

Тој, меѓутоа, истакна дека за да има резултат од тие контакти, треба да биде прекратено насилството, независно кој го применува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top