Познатиот хрватски актер Раде Шербеџија доби македонски пасош, пишува „Утрински весник“. Шербеџија, е еден од 250 граѓани што во согласносо со членот 11 од Законот од 1992 година, се здобија со државјанство на Република Македонија од категорија особен спортски, научен, економски или културен интерес.
Шербеџија добро зборува и македонски јазик, на кој вели дека го учел неговиот пријател, режисерот Милчо Манчевски. Најмногу натурализирани Македонци се од поранешните југословенски простори, но има и Американци, Украинки, Русинки…
Шербеџија треба да почне да го снима и филмот „Ослободување на Скопје“ во Македонија. Почетокот е закажан за септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кога најблизок ќе ти замине, не се зборува: Шербеџија потресен од големата загуба!
-
Имав 0,8 промили алкохол, три пати ми правеа алкотест – се огласи и Шербеџија
-
Славниот актер Раде Шербеџија се најде зад решетки
-
Албанците му пакуваат афера на Шербеџија: Измислија дека ќе го глуми терористот Адем Јашари!