Македонскиот репрезентативец, Даниел Георгиевски, ќе биде единствениот македонски фудбалер што ќе има можност да игра во осминафиналето на Европа лигата, откако неговиот клуб Стеауа направи вистински подвиг и го елиминира Ајакс на пенали. Георгиевски не настапи, бидејќи закрепнува по тешката скршеница на ногата, но би требало да биде подготвен за средбите во следната фаза.
Неговите соиграчи во Букурешт, најпрво ја анулираа предноста од 2-0 на Ајакс од првиот меч и со идентична победа се изборија за продолженија. Латовлевичи и Чиричес беа стрелци за Стеауа, во регуларниот дел. Во дополнителните 2х15 минути немаше гол, па пеналите одлучуваа кој од двата поранешни европски прваци ќе оди понатаму. Домаќините ги погодија сите 5 удари од белата точка, гостите двапати промашија, за големо славје во Букурешт.
Сосема спротивно е расположението кај Горан Пандев и Наполи, по новиот бродолом против Плзен. Капитенот на македонската репрезентација го одигра целиот меч во Чешка, но Наполи пак загуби, овојпат со 0-2. Со уверливи 5-0, вкупно, чешкиот тим обезбеди пласман меѓу 16-те најдобри.
Таму ќе го нема бранителот на трофејот Атлетико Мадрид, по пировата победа нагости со Рубин Казан. Шпанците славеа со 1-0, недоволно да се надомести поразот на „Висенте Калдерон“ од 0-2 во првиот дуел.
Испадна и поранешниот европски шампион Ливерпул од Зенит. Англичаните беа блиску до подвиг. Победија вечерва со 3-1 на „Енфилд роуд“ и стасаа до егал ситуација, по поразот во Санкт Петербург од 0-2. Сепак одлучи погодокот на Хулк за Зенит, во денешниот реванш. Правилото „гол постигнат нагости“ при израмнет вкупен скор (3-3), им донесе радост на Русите.
За влакно елиминација избегна и актуелниот европски првак Челси, против Спарта Прага. На реваншот во Лондон, Чесите водеа со голот на Лафата со 1-0, што беше идентичен резултат од првиот меч, но во корист на Челси.
Во моменти кога македонскиот судија Александар Ставрев се готвеше да свири крај на регуларниот дел, Белгиецот Азар со прекрасен гол израмни на 1-1 и спречи продолженија.
Вреден за одбележување е максималниот ефект на руските екипи во оваа фаза. Сите три претставници, Зенит, Рубин и Анжи, се пласираа во осминафиналето.
Резултати (со темни букви се екипите што минаа понатаму): Рубин – Атлетико 0-1 (вкупно 2-1), Металист – Њукасл 0-1 (0-1), Генк – Штутгарт 0-2 (1-3), Днипро – Базел 1-1 (1-3), Лацио – Борусија М. 2-0 (5-3), Лион – Тотенхем 1-1 (2-3), Клуж – Интер 0-3 (0-5), Плзен – Наполи 2-0(5-0), Фенербахче – БАТЕ Борисов 1-0 (1-0), Хановер – Анжи 1-1 (1-3), Ливерпул – Зенит 3-1 (3-3), Стеауа – Ајакс 2-0 (2-2, на пенали 4-2), Бордо – Динамо Киев 1-0 (2-1), Олимпијакос – Леванте 0-1 (0-4), Бенфика – Баер 2-1 (3-1), Челси – Спарта 1-1 (2-1).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“