
Албумот „People, Hell and Angels“, на кој ќе бидат 12 досега необјавени песни, кои се составени од експериментални материјали кој Џими Хендрикс ги направил во 1968 и 1969 година, ќе биде објавен во почетокот на март.
Легендарниот музичар своевремено овие материјали ги наменил за албумот „First Rays of the New Rising Sun“, кој никогаш не бил завршен, поради трагичното утро 1970 година кога почина. Албумот е прв пат објавен во малку поинаква форма во 1997 година.
Сепак, оригиналните снимки сега се малку обработени во пост-продукција. Слушнете го првиот сингл, „Earth Blues“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


