Вистинска семејна драма се одвивала синоќа во Србија кога маж толку се разбеснил што почнал да си ја брка сопругата со секира.
Според податоците од српскиот весник „Ало“, се работи за 53-годишниот М.К., кој извршил кривично дело семејно насилство откако се скарал со својата сопруга, по што толку се разбеснил што зел секира и почнал да ја брка по дома.
Пред да ја земе секирата и да направи вистинска драма, тој психички си ја малтретирал сопругата навредувајќи ја и пцуејќи ја.
За среќа, жената успеала да се спаси, а мажот си заработил притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



