| четврток, 6 декември 2018 |

Кетрин Зета Џонс демантира дека се разведува со Мајкл Даглас

Кетрин Зета-Џонс ги негираше гласините за развод со Мајкл Даглас

catherine-zeta-jones-5263567
Зета- Џонс (43) ги демантираше тврдењата дека со нејзиниот сопруг планираат да се разделат по дванаесетгодишен брак. Според гласините Мајкл сакал да се исели од нивниот дом поради притисокот од бракот.

Списание „Нешнал Инкуаир” соопшти дека односите на Зета-Џонс и Даглас им се влошиле поради притисокот што Мајкл го има во борбата о ракот, престојот во затвор на неговиот син Камерон под обвинение за поседување на дрога и битка на Кетрин со биполарно растројство.

Портпаролот на двојка ги демантира пишувањата.

-Тоа воопшто не е точно. Тие не се разделени. Историјата не е точна- изјави портпаролот на Даглас, Ален Бери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top