| четврток, 6 декември 2018 |

Давид Луиз пристигнува во ПСЖ како најскап одбранбен фудбалер во светот

Бразилскиот ас од одбраната и член на Челси, Давид Луиз, ќе биде нов член на францускиот шампион и еден од најскапите клубови во светот – ПСЖ. Досегашниот клуб на Луиз, Челси, ја прифати побогатата понуда од околу 60 милиони евра за одбранбениот играч и ќе го направи најскап во историјата на таа позиција.
Давид Луиз во моментов се наоѓа во Бразил каде што се подготвува со својата репрезентација за светското првенство кое треба да почне за три недели.
Тој ќе му се приклучи на својот соиграч од последната линија во одбраната на Бразил во новиот клуб Тиаго Силва, кој досега беше најскапиот одбранбен фудбалер.
Во ПСЖ се најавува доаѓањето на уште еден Бразилец од репрезентацијата, десниот бек Дани Алвеш. Со тоа колонијата Бразилци во ПСЖ ќе се зголеми за уште еден член.
За услугите на Луиз беа заинтересирани Баерн Минхен и Барселона, кои нудеа по 30 милиони фунти и кога се очекуваше тој да премине во каталонскиот гигант на сцена излезе богатиот клуб од Париз и понуди речиси двојна понуда.
Се очекува деновиве Луиз да го напушти тренинг кампот на Бразил и да дојде до Париз за да го потпише договорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top