| четврток, 6 декември 2018 |

Пиењето кафе го продолжува животниот век

Пиењето кафе го продолжува животниот век, открија американските научници

106592045446c1b2521617d057521098_orig
Истражувањето на околу половина милион луѓе покажало дека колку повеќе чаши кафе пиеме, толку повеќе го намалуваме ризикот од смрт. Претерувањето со кофеин се смета за нездраво, но новото истражување покажува дека колку повеќе кафе конзумираат луѓето, толку е помала веројатноста да починат од срцеви болести, мозочен удар, повреди, дијабетес, па дури и зараза.

Д-р Нил Фридман од Националниот Националниот Институт за канцер во САД, каде што е спроведено истражувањето, вели дека пиењето на две-три чаши кафе на ден го намалува ризикот од предвремена смрт за 10% -15%. Но конзумирање на повеќе од две-три чаши не носи корист.

Учесниците на возраст меѓу 50 и 71 години биле следени 12 години. Д-р Фридман вели дека кафето кое се пие додека се пуши цигара, односно пушењето може да биде причина за наштетување на здравјето.

-Во нашето истражување за учесниците кои пиеја кафе, а кои пушеа, постои силен ризик за смрт- истакна истражувачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top