ТВ ѕвездата Софија Вергара е опседната со својот изглед и возраст, бидејќи сака телевизиските екрани да ги замени го големиот екран, пишува Радар Онлајн.
41 –годишната актерка е моментално во преговори за потпишување на договорот за новата сезона на серијата, но сепак таа сонува за улога во филм.
-Софија и понатаму вели дека сака да развие кариера на филм и да се извлече од”Modern Family”. Но, засега, се посвети на прекумерно вежбање за да биде сигурна дека се уште има секси линија – открива еден извор.
Верагара се плаши дека почна да старее, а тоа ќе влијае на нејзината долготрајна кариера.
-Таа стана опседната со својот изглед во серијата, па често знае да дојде на сет пред сите и тоа два часа порано, за да ја нашминкаат, облечат и да и ја средат косата – вели изворот за Радар Онлајн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.