| четврток, 6 декември 2018 |

Има 39 години, а го чека своето 17. дете

Триесет и деветгодишната Британка Сју Редфорд моментно е бремена со своето 17. дете.

Сју во ноември ќе го роди своето седумнаесетто дете, а нејзината најстара ќерка, 20-годишната Софи ќе го роди своето второ дете само неколку дена пред својата мајка, пишува „Дејли мејл“.

Покрај Софи, Сју е мајка на уште 15 деца: Клое (18), Џек (17), Даниел (15), Лук (13), Мили (12), Кејти (11), Џејмс (10), Ели (9), Ејми (8), Џош (7), Макс (5), Тили (4), Оскар (2), Каспер (1).

Ако гледаме математички, можеме да дојдеме до заклучок дека Сју од нејзините 39 години, цели 13 години ги поманала бремена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top