| четврток, 6 декември 2018 |

Героски има цел – повикува на зло

golokure gero

Бранко Героски, раководител на порталот „Плусинфо“ и уредник на „Слободен печат“, во колумна „Злото треба да се види, а не да се прикрива со апели!“открива која му била целта, провоцирал околу настаните во Ѓорче Петров за народот сам да го препознаел злото. Тој пишува дека нема да им се придружи на оние кои повикуваат на мир и смирување на ситуацијата.

– Апелирајќи на разумно однесување, драги мои, ништо не постигнуваме, освен што и самите го легитимираме злото, намалувајќи ги неговите последици, а и шансите луѓето да го препознаат и да му се спротивстават. Со нашите апели врз себе го навлекуваме оправданиот револт на луѓето, небаре ние сме задолжени да им обезбедиме сигурен живот и спокојство – пишува Героски, кој, наводно, сфатил дека злото морало да се покаже, да се изложи во излогот на јавниот дискурс.

Дел од медиумите кои се под директна контрола на опозицијата деновиве подбуцнуваат разгорување на страстите по трагичниот настан во Ѓорче Петров, изнесувајќи информации кои немаат потврда од надлежните институции. Со ова, само се потврдува оркестрираниот настап за долевање масло на огнот, наспроти апелите од институциите граѓаните да останат воздржани и да не дозволат да бидат манипулирани и вовлечени во посериозни нциденти со далекусежни последици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top