Украинскиот тајкун Петро Пирошенко има уверлива предност пред Јулија Тимошенко, неговиот главен противник на неделните претседателски избори во Украина, покажуваат последните испитувања на јавното мислење.
Пирошенко, кој во земјата е познат како „кралот на чоколадото“ води пред Тимошенко со десет проценти, па прогнозите предвидуваат тој да победи на гласањето во недела, но се верува дека тоа нема да биде доволно и за конечен триумф.
Доколку никој не освои повеќе од половината од гласовите на Украинците, ќе се одржи и втор круг од изборите, предвиден за 15 јуни.
Уверливото заостанување на Тимошенко, во Киев се означува како знак за паѓањето на нејзината популарност меѓу домашните гласачи кои не веруваат повеќе дека таа е политичарот која може да ја обедини длабоко поделената земја, која се соочува со најтешката криза во својата историја. Таа на двапати досега беше украински премиер, а на
претседателските избори во 2010 година загуби од сега сменетиот претседател Виктор Јанукович.
Тимошенко никогаш не криела дека сака да ја освои претседателската функција, па веднаш по ослободувањето од затвор, каде помина неколку години, обвинета за финансиски злоупотреби, се вклучи во домашната политика, заканувајќи им се на домашните политички противници и на Русија.
На почетокот од предизборната кампања, Тимошенко порача дека „само таа може да ја спаси Украина од катастрофа“ вети дека доколку биде избрана за претседател, ќе организира референдум за членството на земјата во НАТО и во ЕУ. Таа ги уверува гласачите дека „ќе ја натера Русија да се повлече од анексијата на Крим“ извршена во март, но резултатите од анкетите покажуваат дека Украинците повеќе не и веруваат.
Нејзините политички противници тврдат дека ова е последната битка на некогашната ѕвезда на украинската политика.Тие веруваат дека таа, иако потекнува од Истокот на земјата, а рускиот јазик и е првиот што го зборувала, неможе да биде фактор за единство на земјата, поради нејзината антируска реторика и заканите кон руското и проруското насление во тој дел од поделена Украина.
Умерените и независните набљудувачи во Киев, сепак, предупредуваат дека е рано да се отпише Тимошенко, но тврдат дека ќе биде „катастрофа“ доколку победи Пирошенко, па се согласни на поразената политичарка да и даде да ја води владата.
Во 2005 година таа се судри и со Пирошенко, кој во тоа време раководеше со Советот за државна одбрана и безбедност, па претседателот ги смени и обајцата, а таа се сврте против Јушченко и Пирошенко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Зелените партии со најголеми изборни победи во Западна Европа викендов
-
Заев: Вистинската опција за уставните измени е Собранието, а не нови избори



