
В сабота, на 24 мај, на празиникот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, првпат во Македонија ќе бидат изложени моштите на свети Кирил.
Единствените мошти на свети Кирил во земјава ќе бидат изложени во Католичкиот храм во Богданци, кој го носи името на солунските браќа, за време на светата Архиерејска Златоустова литургија, која ќе почне во 10 часот.
Литургијата ќе ја предводи д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх, а веднаш по неа ќе се одржи молебен во чест на Светите Кирил и Методиј. Секој добронамерен верник ќе има можност да се поклони пред моштите на Свети Кирил.
Свети Кирил почива во базиликата „Свети Климент“ во Рим, а ова е еден од ретките сертифицирани примероци од неговите мошти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


