Во 16:00 часот во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица ќе започне вечерната богослужба по која во оваа струмичка црква ќе бидат изложени моштите на свети Василиј.
– Струмица е привилегирана што ги има дел од моштите на Свети Василиј, столбот на светото православие, велат свештениците од струмичката Православна епархија.
Тие ги повикуваат верниците денеска и утре да дојдат на поклонение пред светите мошти.
Утре, на празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, во сите храмови во Струмица, согласно светоотечкото предание, со благослов на Митрополит Струмички г.Наум, ќе бидат поделени лепчиња со паричка, а на тој што ќе му се падне паричката ќе добие благословен подарок од владиката Наум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.