| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарна изведба на операта „Фауст“ вечерва на сцената на МОБ

Вечерва на сцената на Македонската опера и балет ќе биде изведена хуманитарната опера „Фауст“ од Шарл Гуно. Приходот од оваа претстава ќе биде наменет за настраданите од поплавите во Србија и во Босна и Херцеговина, со што Македонската опера и балет се приклучува на одлуката на Владата на Република Македонија за придонес на културните институции за помош на настраданите. Премиерата на оваа познато дело, кое го обработува и славниот Гете, на сцената на Македонската опера и балет се одржа на 25 октомври 2013 година, по пауза од 30 години.

Во претставата ќе настапат: Иван Момиров од Бугарија, во насловната улога Иван Томашев, гостин од Србија, во улогата на Мефисто, Маргарета: светската оперска дива Инва Мула, позната на публиката низ светот по интерпретацијата на музиката во филмот „Петтиот елемент“, Валентин: Франческо Верна – Италија, Вагнер: Драган Ампов, Зибел: Дарко Нешовски и Марта: Марика Поповиќ.
Режисер е Марио де Карло од Италија, диригент: Оливер Балабурски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top