По катастрофалните поплави кои ја погодија Србија и го уништија Обреновац, евакуираните жители беа принудени во борбата за живот да ги остават зад себе домашните миленици.
Кога ситуацијата се смири, на ред дојдоа и животните, односно најдобриот пријател на човекот. Во прифатилиште во Дражевац се сместени повеќе кучиња кои се спасени во Обреновац.
Српскиот пејач Владо Ѓеоргиев тргна во акција за спасување. Тој со камион тргнал на пат кон Дражевац и почнал да ги собира кучињата.
Владо на неговиот профил на „Твитер“ објави:
– Спасените кучиња се на Авала. Побарајте го таму вашето милениче, можеби ве чека. Прекрасни се.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.