| четврток, 6 декември 2018 |

Од дипломска заминал во смрт – уште една трагедија

лента

Уште една трагедија деновиве го зави Балканот во црно. Триесет и четиригодишниот Дејан П. од Крагуевац загинал во стравотна сообраќајна несреќа, само неколку часа откако дипломирал.

Според податоците на српски „Курир“, откако ја земал дипломата, Дејан имал сообраќајна несреќа додека го управувал својот мотор. Според првичните неофицијални податоци, најверојатно возел со огромна брзина, загубил контрола и така удрил во бетонска ограда и контејнер.

Кога Итната медицинска помош пристигнала на местото на настанот, тој сѐ уште покажувал знаци на живот, но потоа им подлегнал на повредите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top