Последната премиера на Македонскиот народен театар „Сината птица“ од Морис Метерлинк, во режија на Златко Славенски, вечерва и утревечер ќе биде изведена во хуманитарни цели. Парите од продадените влезници ќе бидат наменети за помош на жителите на поплавените места во Србија и во Босна и Херцеговина.
Премиерата на „Сината птица“ беше на 18 мај. Улогите ги толкуваат: Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Сашка Димитровска, Славиша Kајевски, Арна Шијак, Олгица Милевска, Сашко Kоцев, Тина Трпкоска, Васил Зафирчев, Весна Петрушевска, Звездана Ангеловска, Борче Начев, Kатина Иванова. Играат и десетина студенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.