Откако беше именуван на чело на Римокатоличката црква, папата Франциск го стекна имиџот на „кул“ поглавар, а сега со сигурнуст ќе го зацврсти откако ќе се прочуе дека тој поседува мотоцикл „Харли Дејвидсон“.
Папата го доби чоперот со своето име „Francesco“ напишано на резервоарот, минатиот јуни од легендарната американска компанија по повод 110-годишнината од постоењето, на прослава во Рим каде за таа пригода допатуваа 35.000 љубители на мотоцикли.
Папата сега одлучи да го продаде моторот на аукција и целиот приход да го подари во добротворни цели.
Не е познато дали папата, кој одбива да се вози во блиндираниот папамобил, за да повеќе биде во контакт со верниците и да даде пример за скромност, некогаш се повозил на мотоциклот.
„Чоперот“ на папата, на аукцијата во Париз на 6 февруари, би можел да достигне цена од 12.000 до 15.000 евра. На истата аукција ќе се најде и кожна јакна со потписот на папата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Аукција во УЈП: Се продаваат “Пунто за 70.000 денари, “Мерцедес“ за 107.900 денари, “Астра“ за 120.500 денари…
-
В петок аукција на УЈП: На продажба се солариуми, гарнитури, автомобили, лаптопи, деловен простор…
-
Папата Франциск го прослави 81. роденден – Честеше торта со круша и цимет (видео)
-
Аукција на УЈП: Се продаваат автомобили и недвижнини по ниски цени