ДУИ денеска преку соопштение го осуди убиството на Ангел Петковски од Ѓорче Петров и како што истакнуваат од партијата, насилните протести што се случиле во понеделникот, апелирајќи притоа случајот да не се става во етнички контекст.
– Централното претседателство на ДУИ ги следи со загриженост настаните кои се случуваат последните денови во скопската населба Ѓорче Петров. Домашната јавност е потресена од убиството на еден млад човек, чин кој е за осудување и за жалење од сите нас, затоа на семејството на починатиот му изразуваме длабоко сочувство. Според официјалните податоци, убиството нема етнички и верски мотиви, па оттука тенденциите случајот да се стави во етнички контекст, се неодговорни и за осудување. Исто така, го осудуваме вандалното однесување во текот на насилните протести во понеделникот, се вели во соопштението од партијата.
Од ДУИ ги повикуваат сите граѓани да ја зачуваат нивната ладнокрвност и воздржаност и заедно со институциите да дадат придонес кон враќање на редот и безбедноста.
– Меѓуетничкиот соживот претставува вредност која бара наша грижа и посветеност, при тоа не заборавајќи дека однесувањето на секој поединец може да влијае директно врз овие односи. Затоа, во вакви моменти е потребен придонесот на сите нас за да го сочуваме ова богатство наследено и негувано со години и децении, се истакнува во соопштението од Демократската унија за интеграција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка